Вести

Охриѓани во одбрана на честа на Тарчуловски

Здружението на граѓани за подршка на Јохан Тарчуловски   на повеќе локации во државата започнува со собирање на потписи.

Цел на акцијата, според претставници на здружението, е да се испрати порака дека Тарчуловски не е осамен во обидот да докаже дека е невин.

Денес на Градскиот плоштад и кај Чинарот охриѓани го даваат својот потпис за одбрана на честа на хашкиот затвореник Јохан Тарчуловски.Акацијата ја организира Здружението на граѓани за подршка на Тарчуловски.

Во текстот на Здружението се изразува надеж дека Јохан Тарчуловски  ќе добие праведно судење и дека Хашкиот трибунал ќе ги согледа сите афкти и околности на  кои укажува неговата одбрана,а кои недвосмислено говорат за неговата апсолутна невиност.Исто така, се наведува дека се очекува конечна слобода за Тарчуловска,дотолку повеќе што  тимот на адвокати од неговата одбрана  е предводен од господинот Ален Дершовиц,кој е адвокат и професор со меѓународна репутација.

Одбраната на Тарчуловски најдоцна до 23 октомври треба да ја достави жалбата на пресудата, со која тој беше осуден на затворска казна 12 години.

                                                        Image

                                                       Јохан Тарчуловски

Сродно