Во ОУ „Живко Чинго“, Велгошти тим на медицински стручњаци од Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина при Медицинскиот факултет во Скопје вршеа испитување на јодниот статус кај 40 ученици од одделенска настава на возраст од 8-10 години.image-acf2c393a34c057800d03cdcd215f8bc08c7643c01312c41b92920e673871457-V_cr

ОУ „Живко Чинго“ е 14-то училиште во Македонија во кое е спроведен овој проект. Претходно беше добиена писмена согласност од родителите на учениците за испитувањето кое се состои од: палпација на тироидната жлезда, ултрасонографски преглед и анализа на урина. image-e00a1b6b3467a6d17655e69701959fcb276ed611936cb5e84066cb606526f487-V

Целта на овој проект кој е подржан од МОН и Министерството за здравство е корегирање на јодниот дефицит и неговите последици по здравјето на децата.image-f867d1f637b812225dffff4b22cfa2624da7a8659aae2002cbbec5d93013abe7-V