По повод 4ти март, роденденот на Тодор Александров, традиционално во салата која го носи неговото име во селото Велгошти, утре ќе се одржи „Спортски ден“.

image

Настанот ќе биде од натпреварувачки карактер. На него ќе учествуваат 300 ученици од сите основни училишта од општините Охрид и Дебрца. Учениците ќе се натреваруваат во повеќе дисциплини, а за најдобрите ќе бидат доделни  награди.

image

Почетокот на натпреварите е закажан за 8:30 часот.

Спортскиот ден е во организација на ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти, во соработка со Сојузот на училишен спорт и Локалната самоуправа.