Вести

Петрески се обрати до охриѓани по повод патрониот

Градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески, по повод  денот на Свети Климент Охридски, кој е и Патрон на градот, претпладнево, преку медиумите, се обрати до своите сограѓани. 

Во своето обраќање, градоначалникот Петрески укажува на потребата од меѓусебна почит, толранција и негување на светиклиментовиот дух.
Во своето обраќање, кое го објавуваме интегрално, градоначалникот се осврнува и на подемот на Охрид во годината меѓу двете празнувања.

 

 

ОБРАЌАЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕТРЕСКИ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА
ПАРОНОТ НА ГРАДОТ

 

Во пресрет на Патрониот празник на градот
и свеченостите со кои ќе го одбележиме
Денот на Свети Климент Охридски, ви се
обраќам како ваш Градоначалник.
Денот на нашиот Патрон треба сите нас да
не исполнува со почит, восхит и гордост. Да
не исполнува со творечки дух, човечност,
меѓусебна почит, љубов кон својот град и
кон светот – бидејќи Охрид со духот на
Климента е космополитски град.. Тој и таков дух, предодреден од самиот светец, треба
да е препознатлив за нашиот град. Само со сeкојдневно приклонување кон таквиот дух
во било која сфера од општественото делување и создавање, ние, сегашниве генерации,
ќе можеме со гордост да се повикуваме на нашиот Патрон.
Водени од таквата определба, јас и моите соработ-ници, а можам да речам и
целокупната општинска администрација, сето тоа настојувавме да го имаме како
препознатливост за нашето работење во целиот овој период и во годината меѓу двете
прослави на Патронатот.
Отворено и транспарентно определени за таквиот дух во придонесот за доброто на
Охрид, ние ја практикувавме власта и приоѓавме кон решавањето на проблемите што
го тиштеа градот. Како локална власт или како „татко на градот, односно на сите
граѓани“ јас очекував, барем меѓу двете прослави на Патронот, дека ќе бидеме сведоци
и на понагласен ангажман и заложби, на конкретна поддршка и од нашите
претставници во централната извршна или законодавна власт. Очекував, заради
доброто на Охрид и нашите сограѓани, дека одделни функционери или јавни
работници, ќе имаат доблест да ги надминат теснопартиските интереси и
кратковидоста која не е ништо друго туку, подзапирање на подемот на Охрид. Сето
тоа, за жал, изостана од калкулантски интереси на една партиска опција, а против
интересите и на самите нивни членови и воопшто на граѓаните. Бидејќи, вистината е
таа, дека и урабанизацијата и асфалтот и плочките и уредените тротоари не носат
партиски обележја, ниту пак она што е убаво за сите е право или придобивка само за
една партија.
И покрај исконските заложби и согледани потреби да се напојуваме како
сограѓани во работата и политиката со Светиклиментов дух, таквиот нечиј
ангажман кој би придонел за доброто на Охрид, меѓу двете празнувања, изостан
а.