Вести

Петрески: ВМРО- ДПМНЕ е против субвенции за нафатата за училиштата

aleksandarPetreskiСоветничката група чело со ВМРО- ДПМНЕ  , наместо на седниците на Советот на Општина Охрид, продолжува, од партиската говорница да кука пред јавноста дека не добиле вистински одговори , како се трошат буџетските пари и без аргументи го напаѓаат градоначалникот Александар Петрески.

Неразумно и политички дволично е, советниците на ВМРО- ДПМНЕ да велат дека барањето на Советот  за бенефицирана цена на нафтата за греење на училиштата, било „ дегутантно губење на времето“ . Зарем сакаат , поради нивните тесно партиски директиви , нивните деца да учат во студени  училници , а тие да ги лажат дека за тоа е виновен градоначалникот Петрески.

Советниците и раководството на ОК на ВМРО- ДПМНЕ , на своите деца и на граѓаните треба да им објаснат дека енормното зголемување на енергенсите , го дозволува централната власт , на чие чело е нивната партија. Нека ја прашаат владата на ВМРО- ДПМНЕ зошто не ги намалува акцизите за нафтата и другите енергенси со што ќе го намали ударот врз џебот на граѓаните.

Јавноста очекува , со иста жестокост , како на седниците на Советот на општина Охрид и на прес конференците, ОК на ВМРО- ДПМНЕ да праша како се трошат парите на буџетот на Република Македонија, кој го донесе парламентот со мнозинство гласови од нивната партија и коалиционите партнери. Нека побараат и одговор каде одат парите од постојаните задолжувања што речиси секој месец ги прави  Владата што ја предводи нивниот лидер Никола Груески.

Локалната самоуправа не крие каде се тршат буџетските пари , ниту колкави се долговите. Градоначалникот Александар Петрески наследи околу 13 милиони евра стар долг, успеа да го покрие поголемиот дел и со земањето на комерцијален кредит, за кој сеуште , од неразбирливи причини Министерството за финансии не дава согласност , ќе се расчистат старите долгови и ќе се одблокира сметката на општината.

ОК на ВМРО- ДПМНЕ деновиве ја контаминира и малтретира јавноста со нивното наводно сознание дека Локалната самоуправа сега должи 15 милиони евра. Износот апсолутно не е точен и наскоро ќе ги демантираме со факти , а од нив очекуваме на граѓаните  да им одговорат , колку пари ќе се потрошат за градбите на Плаошник и од каде потекнуваат. Ние сме сигурни дека многу похумано и политички позрело ќе биде , доколку ВМРО-  ДПМНЕ дел од тие пари пренамени за нафта за училиштата каде учат и нивни деца.

Кабинет на градоначалникот на Охрид

Александар Петрески