Вести

По повод роденденот на Тодор Александров во Спортска сала во Велгошти ќе се одржи спортски ден

По повод роденденот на Тодор Александров, 4-ти март (среда), во спортската сала во Велгошти, ќе се одржи Спортски ден. Настанот ќе биде регионален, во кој што ќе се вклучени сите основни и средни училишта од Охрид и од основното училиште од Општина Дебарца.SportskiDenTodorAleksandrov10-620x360

„На овој спортски настан ќе бидат вклучени над 300 деца од регионот. Целта на овој настан е развојот на училишниот спорт. Децата ќе се натпреваруваат во повеќе дисциплини: мал фудбал, кошарка, пинг – понг и шах.“- вели , директорот на училиштето Ѓоко Чингоски.

Стартот на натпреварите е со почеток во 9:00 часот, а во 14:00 часот ќе бидат доделени награди и пехари на најдобрите. По доделувањето на наградите ќе следи свечен коктел.

Leave a Reply