wpid-phoca_thumb_l_sany3925.jpgНа Велгошките трки  „ВЕЛИГДЕН 2012“ кои се одржаа во Неделата 15 Април, како што објавивме предходно победник беше  шест годишниот коњ од сортата англиски галопер „Цезар“ од сопственикот Шапкароски Симон од Велгошти, а го јаваше Лесковчанецот Гоце Љушески роден 1978 год.

Помеѓу гомениот број на награди, како главна награда за прво место беше и бесплатно патување во Швајцарија од спонзоророт сопственик на Фирмата „ КЛЕР-Нет “  Господинот Бизимоски Веле од Велгошти кој моментално  живее и работи во Швајцарија.

Победникот Гоце Љушески веќе ја подигна наградата ,и во Саботата 22 април 2012 год во околу 19 часот  пристигна во Швајцарија ,и беше пречекан лично од Господинот Бизимоски .

“Гоце многу е возбуден, и со голема страст ракажува за оваа победа ,а исто така раскажува за големата припрема на Цезар. Гоце е многу горд што учествувал во овие Традиционални Велигденски коњски трки.“ ,вели  за Velgosti.com  Господинот Бизимоски Веле.

Гоце Љушески во наредните седум дена ќе зема специјален курс за Тренирање на Коњи ,уште еден подарок од  Господинот Бизимоски Веле за големата победа во неделата.

Повеќе слики 

Победникот на трките „ВЕЛИГДЕН 2012“ во Швајцарија (59)