Вести

Почина Киро Глигоров

Во сон во својот дом во Скопје, синоќа на 94-годишна возраст починал Киро Глигоров, првиот претседател на независна Македонија.

Роден е во Штип на 3. мај 1917. година. Беше  еден од најистакнатите политичари во Република Македонија Претседател на Република Македонија, функцијата која ја извршуваше во два мандати од 1991 до 1999 година.

 

 За претседател беше избран на 27. јануари 1991 година од страна на Собранието на Република Македонија, а по втор пат на 19. ноември 1994 година на претседателските избори. Функцијата претседател на Републиката ја врши до 19 ноември 1999 година.

 

Информацијата ја потврди кабинетот на Глигоров, кој беше избран за претседател на Република Македонија на 27 јануари 1991 година и беше на функцијата до 19 ноември 1999 година.

Погребот на Глигоров ќе се изврши утре во 13 часот на гробиштата Бутел, во кругот на најтесното семејство, а телото ќе биде изложено во капела од 12 часот.

 

mkdnews.com