grb1Градоначалникот Александар Петрески , ги потпиша решенијата  за легализација и ослободување од комунални давачки за спортската сала во Велгошти.

– За спортската сала во Велгошти и за неколку други објекти , од централната власт која треба да ги финансира, а особено од ОК на ВМРО- ДПМНЕ , постојано бевме обвинувани дека Локалната самоуправа ја кочи нивната изградба. Дека се работи за лаги  и собирање политички поени , сведочат потпишаните решенија за легализација и ослободување од комунални давачки за спортската сала во Велгошти. Објектот не можеше да се легализира , бидејќи немаше доставено барање. Веднаш по доставувањето на барањето за легализација од инвеститорот , Агенцијата за млади и спорт , ние постапивме согласно законските прописи, донесовме решенија   и објектот ќе  може да продолжи да се гради – изјави градоначалникот Александар Петрески.