Вести

Пожар кај Лакочереј

Во месноста викана Дебело поле во близината на селото Лакочереј,вечерва избувна голем пожар кој се гледа дури и од најоддалечените делови на градот.Густ чад го прекри градот Охрид.

На местот на пожарот веднаш се упатила противпожарната бригада и тие веќе учествуваат в ои гаснењето на огнената стихија. Се претпоставува дека гори трска.Пожарот не зафатил куќи или други земјоделски објекти.

Пожарот кој како што ни изјавија локалните жители го предизвикал мештанин кој палел стрниште, брзо се прошири загрозувајќи ги околните куќи и овоштарниците.

Според очевидци, огнот се појавил пред околу еден час и половина,потоа стивнал и повторно се распламтел.