Во големата сала на општинската зграда, во присуство на јавни, културни, општествени  некогашни и сегашни дејци како и истакнати личности од светот на бизнисот, финансиите и екомомијата, вчера напладне беше промовирана

монографијата посветена на починатиот Најденко ПОПОСКИ,  основач и долгогодишен директор на „Охридска Банка“ и истакнат општествено- политички работник во текот на целата втора половина на 20-тиот век.

 

Зборувајки за значењето на овој чин и за придонесот на Најденко Попоски во растежот на општината, градоначалникот Александар Петрески посочи дека голем дел од својот живот Најденко Попоски посвети токму на растежот и напредокот на Охрид.

Монографијата, чиј автор е Петре БАКЕСКИ, е приватно издание на потомците на Најденко Попоски, ќерката Елизабета и синот Гоце.Со промоцијата на монографијата за ликот и делото на Најденко Попоски, на пригоден начин се одбележа две годишнината од неговата смрт.

 

 

Покрај градоначалникот Петрески, на промоцијата со пригодни зборови се обратија директорот на „Лихнида“ и долгогодишен соработник на Најденко, Иван ГОЛАБОСКИ, претсавник на менаџментот и вработените во сегашна „Охридска Банка ’ членка на „Социете Џенерал“ и актерот Славко НИНОВ со цитати од монографијата.