Вести

Пронајден гробот на Александар Македонски?

марко-184-Белградскиот блог „Сити Магазин“ го објави она што досега претставуваше најголема тајна во македонската, но и светската историја – пронајден е гробот на Александар Македонски.
  Светата гробница на големиот војсководец е откриена случајно. Градежната фирма го откопала случајно при реконструкција на граничниот премин Висје помеѓу Македонија и Грција.

Она што било пронајдено при ископувањето е скалеста мермерна градба долга 30 и широка 4 метри, а подлабоко бил пронајден влезот на мавзолејот на Александар Македонски.

Имало тунел, долг околу 140 метри, обложен со црни мермерни плочи дебели околу еден метар, кој води кон оближното брдо Бојчик. На влезот од тунелот имало огромен камен блок на кој била изгравирана слика на богот Аполон на кочија која ја влечат лебеди.

Во следната просторија се наоѓала гробницата на Александар Македонски. Како ѕидовите така и ходникот биле направени од гранитни блокови кои се прекриени со мозаици од походите на Александар.

Во внатрешноста имало осум носечки столбови со ликот на богот Атлас кои го потпираат таванот на просторијата, познати како каријатиди. Во самиот центар на просторијата се наоѓа камена крипта на која на јонски дијалект од старогрчкиот јазик е вклесано Мегас Александрос, односно Александар Велики. Од левата и од десната страна на криптата стои по еден Атлас каријатида, додека останатите се распоредени по аглите.

Во гробницата биле пронајдени и коски од осумнаесет човечки костури за кои според војничката одора, се верува дека припаѓаат на личната гарда на Александар.

 

.Директорот на Државниот инспекторат на Република Македонија и експертите од Народниот музеј единствено што соопштиле е дека е пронајден добро сочуван костур во полна борбена опрема со златно бронзен оклоп и со штит и маска на кои е врежано името Александар.

 

Колку сето ова е вистина, со оглед дека е објавено во Србија, а се уште нема официјална потврда, најверојатно ќе се дознае наскоро.