svr_ohrid-1-Денеска околу 11 часот кај Охрид е пронајдено безживотното тело на Лета Цветаноска Лазареска која исчезна кон крајот на минатиот месец. Нејзиното тело беше пронајдено на брегот меѓу плажите Горица 1 и Горица 2. Увид на местото извршија истражен судија и екипи на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Првичните наоди на охридската полиција зборуват дека станува збор за самоубиство. Ден по исчезнувањето беше пронајдена нејзината чанта во близина на поранешната детска болница во која се претпоставува дека имало и проштално писмо. Лазареска зад себе остави сопруг и две малолетни деца.

 

 

Извор:

http://mkdnews.com