Вести

Пуштена во употреба реконструираната улица „Александар Турунџев“ во Велгошти

Продолжува активноста на Локалната самоуправа за уредување и реконструкција на улиците низ целата територија на Општина Охрид.

image

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денес ја пушти во употреба реконструираната улица „Александар Турунџев“ во село Велгошти.

image

„Реконструкцијата на оваа улица произлезе од директните средби со жителите на урбаната заедница 15-ти Корпус и селото Велгошти. Должината на реконструираниот дел е 300 метри со ширина на патот од 3 метри и проширување на банкините од страна. Поставен е нов асфалт во дебелина од 7 сантиметри, а изведувач на градежните работи беше фирмата АС Сењак од Кичево“, изјави градоначалникот Бакрачески.

image

Средствата за реконструкцијата на улицата се издвоени од буџетот на Општина Охрид, во висина од 980.845 денари.

Жителите на улицата искажаа благодарност до Локалната самоуправа за решавање на нивниот проблем.

„Изразуваме голема благодарност до градоначалникот и Локалната самоуправа за досегашната соработка. Се надеваме ќе соработуваме и понатаму, бидејќи нашата урбана заедница има повеќе проблеми, со тек на време верувам дека заеднички ќе ги решиме“, истакна Дејан Ангелески, претседател на МЗ 15-ти Корпус.

Од Локалната информираат дека и во следниот период ќе се пристапи кон асфалтирање и реконструкција на улици и патишта во сите населени места низ Охрид.

https://www.facebook.com/O2.Televizija/videos/1193308617346170/
Извор: ОХРИД 24

Leave a Reply