Вести

Расказот „Т.чка на агонија“ под шифра “Аура” е годинашен добитник на престижната награда „Живко Чинго

Расказот „Т.чка на агонија“ под шифра “Аура” е годинашен добитник на престижната награда „Живко Чинго„. Вака одлучи тричлента комисија во состав, проф. д-р Димитар Пандев – претседател и членовите, Мирко Томовски и Смиле Наумоски.Komisija_Cingo_nagrada_20164851

По претходно распишаниот Конкурс по повод традиционалната културна манифестација „ Вечер на Живко Чинго“, за наградата аплицирале 90 раскази.

Комисијата со задоволство констатира дека повеќето од пристигнатите раскази имале високи уметнички вредности што укажува на подемот на македонскиот расказ во актуелниов миг поттикнат од овој конкурс.

Расказот „Т.чка на агонија“ се издвоил од другите раскази со својата беспрекорна композиција и со специфичниот уметнички израз.

Наградата за најдобар расказ изнесува 30.000, оо денари и истата ќе биде врачена на 13.08.2016 година на традиционалната манифестација
„ Вечер на Живко Чинго“.

Leave a Reply