Вести

Роман Абрамович го купува Љубаништа

Откако купи половина од црногорското приморје, рускиот милијардер Роман Абрамович, му фрлил око и на охридското крајбрежје. Неодамна, рускиот милијардер испратил емисари да се распрашаат за состојбата на имотите на жителите од потегот на селото Љубаниште до атарот на црковното земјиште во "Свети Наум".
– Абрамович, во овој дел од крајбрежјето на Охридското Езеро, планира да изгради монденска туристичка населба – пишува  интернет порталот Тотал.

Дел од жителите на Љубаниште, тврдат дека руските претставници ги советувале да се здружат и побрзо да ги решат спорните имотно-правни односи со државата, така што би можеле целото градежно земјиште да го продадат одеднаш.

Според претседателот на месната заедница "Љубаниште" Владо Трајкоски и правникот Крсте Велески кој ги застапува интересите на селаните, градежното земјиште за кое странците биле заинтересирани да го купат во атарот на Љубаниште е со површина од околу 250 хектари. Но, околу 80 хектари се предмет на денационализација и околу тие парцели се спорат локалните жители и црквата, која исто така вели дека е сопственик на имотот и сака да го врати во сопственост.

Доколку се остварат и плановите за влез на руските компании и поединци во Љубаниште, вкупните инвестицици во развојот на туризмот во охридското крајбрежје би се искачиле на повеќе од 700 милиони евра.
Овој интерес е посебно зголемен по најавата за реконструкција и модернизација на Охридскиот аеродром.

Image