Утрово, околу 3.30 часот, Охрид го зафати силно невреме, проследено со интензивни електрични празнења, силен ветар, врнежи од дожд и град.До локалната самоуправа во текот на целиот ден  пристигнуваат пријави од погодените подрачја. Најмногу штети има на земјоделските насади во околината на Велгошти и Лескоец, кои денеска ги посети надлежната општинска комисија.

-Утрово жители на селото Лескоец и Велгошти пријавија штета на земјоделски површини. Комисијата веднаш излезе на терен и утврди дека кај овошните култури штетата е 100 отсто, а исто така и кај градинарските култури. Сеуште  присигнуваат пријави така што прецизна проценка за штетите сеуште немаме, изјави Радован Велјаноски од Општинската комисија за утврдување на штети.(Извор ОhridNews)

 

 

 

 

Ѓоре Кецкароски од Велгошти раскажува дека вакво невреме во охридско не се памети.

-На мојот имот се е уништено. Имало невремиња, но невообичаено е што се случи ноќе, во дваесет до четири наутро да фати град е нешто неверојатно што се случува во природата и какви промени се настанати. Град никој не паметиме тука да паднал вечерно време. Беше страшно и со силен интензитет, рече Кецкароски.

 

Оштетувања има и на други имоти со овошки и градинарски култури во Велгошти. Велко Маркоски, сопственик на насади со овошје и градинсрки култури вели дека штетите од невремето допрва ќе се зголемат.

-Град со ваков интензитет досега немало. Покрај видливите оштетувања, последиците допрва ќе се почувствуваат кај овошките, бидејќи плодовите кои сега почнуваат да созреваат се сериозно оштетни и тие за брзо време ќе почнат да паѓаат, објаснува земјоделецот Маркоски.

Покракј во Охрид невреме проследено со врнежи од град во изминатото деноноќие беснееше и во тетовско, кумановско и велешко, како и во други региони од земјата.

 

(Извор ОhridNews)

Фото: OhridNews