Поради постоење основано сомнение дека е сторител на кривичното дело „Тешка телесна повреда„ Секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против М.В.( 50 ) од  Велгошти.На ден 17.12.2010 година, околу 18 часот и 30 минути, пријавениот, физички го нападнал неговиот татко и со кујнски нож го прободел во пределот на стомакот. По здобиената повреда, таткото на пријавениот со такси возило бил пренесен во Општата болница во Охрид, а потоа во болницата во Струга каде му е извршена хируршка интервенција.

Настанот се случил во семејната куќа во  Велгошти за време на семејната вечера. Поради непристојно однесување на пријавениот и предупредување од страна на родителите, дошло до меѓусебна вербална расправија по што таткото со рака се обидел да го смири синот и да му укаже на недоличното однесување.

По извршениот увид, М.В. е приведен во СВР Охрид и во текот на денешниот ден ќе биде изнесен пред Истражен Судија при Основниот Суд во Охрид.

Пронајден е и одземен кујнскиот нож со кој е извршен нападот и нанесена тешката телесна повреда.

Извор :ohridlive.com