На 11.03.2011 година во 18,40 часот во ПС–Охрид, Т.А.(1965) од Охрид, вработен во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, како шумска полиција, пријавил дека во 17,30 часот во с.Г.Лакочереј додека вршел контрола  по законот за шуми како водач на патролата заедно со С.И.(1978) и Д.С.(1984) двајцата од Охрид, го забележале лицето С.З.(1962) од с.Г.Лакочереј како управувал трактор ИМВ со приколка на која имал товарено дрва багрем 2,5 м?.
Со цел да извршат контрола му рекле да застане, но тој веднаш почнал со гестикулации да кажува некакви закани а после 20 метри застанал со тракторот, слегол и од приколката зел вила која ја кренал кон нив, на околу 2м застанал и почнал да им упатува заканувачки зборови:„Елате сега мене да ми пишите пријава да ве видам, сега ќе ви кажам јас кои сте, да ви дадам лична карта, не знаете со кого имате работа, криминалци едни“.

Откако Т.А. го предупредил, продолжил со заканите , а после 5 минути се завртил и се качил на тракторот  со цел да си оди. Откако Т.А. му наредил да застане му се легитимирал и му ја покажал службената легитимација, одбил да застане упатувајки му навреди и пцовки по што го стартувал тракторот напуштајки го местото. СВР-Охрид превзема мерки за расчистување на случајот.

www.ohridlive.com