Во Основниот суд во Охрид денес  продолжи судењето на Лазе Радески,обвинет дека ги извршил убиствата на Раим Ракип,Спиро Ставрески и Трајче Цоцески.Тој на првиот ден на судењето го призна само убиството на Цоцески,додека за предходно дадените признанијата за убиство на другите двајца дилери на девизи речи дека му биле изнудени со присила во охридската полиција.

Денеска беа сослушани првите сведоци:

Први пред судот се појавија синот и ќерката на Раим Ракип, Љале и Мехмет Бајрам Ракип. Тие  спротивно на исказот на обвинетиот, изјавија дека тој многу добро се познавал со нивниот татко. Радески, рекоа тие,   често доаѓал  до нивната куќа и го барал Раим кој му раситнувал, но исто така и му позајмувал помали износи на пари за што како што кажаа не водел евиденција. Синот на покојниот продавач на девизи, рече дека во времето на исчезнување неговиот татко кај себе имал околу 30.000 евра. Блиските на Раим Ракип рекоа дека една година биле под полициска истрага поради што имаат и  здравствени проблеми.

 


Пред судот денеска  сведочеа и сопругата и братот на убиениот  Спиро Ставрески,  Живка Мојсоска и Драган Спироски.   Видно вознемирена во својот исказ, Мојсоска рече  дека нејзиниот покоен сопруг и обвинетиот многу добро се познавале бидејќи семејството Ставрески живее во истата зграда во која се наоѓа дуќанот во кој работел Радески.  Таа рече дека Спиро на Лазе на неколку наврати му позајмувал помали износи на пари за што водел и евиденција. Таа рече дека уште веднаш се посомневала во Радески дека ги мести дилерите на девизи но не верувала дека ги убивал, туку дека соработува со некоја група. Таа своето сомневање го темелеше врз тврдење дека последните три телефонски разговори пред да исчезне нејзиниот сопруг биле од телефонот на обвинетиот.
Ненад Трајчески сопственик на продавницата за компјутери „Домино Компјутери“ која се наоѓа во близина на дуќанот „Грини“ сведочеше дека критичниот ден во дуќаните снабдувањето со електрична енергија било нормално. Тој рече дека вечерта околу 21 ч. кај него дошол зетот на обвинетиот,  Ацо Стојаноски и го прашал дали снемало струја во текот на денот.


 

Ненад сведочеше дека често бил замолуван да ги брише фолдерите од компјутерот во „Грини“ кој снимал видео материјал од сигурносните камери, за да се ослободи место во компјутерот за повторно снимање. Запрашан дали постои можност да се вратат снимките тој рече дека за тоа постојат посебни програми  но не знае  дали е тоа направено во случајот.

Пред судот денеска  сведочеа и сопругата и братот на убиениот  Спиро Ставрески,  Живка Мојсоска и Драган Спироски.   Видно вознемирена во својот исказ, Мојсоска рече  дека нејзиниот покоен сопруг и обвинетиот многу добро се познавале бидејќи семејството Ставрески живее во истата зграда во која се наоѓа дуќанот во кој работел Радески.  Таа рече дека Спиро на Лазе на неколку наврати му позајмувал помали износи на пари за што водел и евиденција. Таа рече дека уште веднаш се посомневала во Радески дека ги мести дилерите на девизи но не верувала дека ги убивал, туку дека соработува со некоја група. Таа своето сомневање го темелеше врз тврдење дека последните три телефонски разговори пред да исчезне нејзиниот сопруг биле од телефонот на обвинетиот.

Судскиот процес против обвинетиот за тројно убиство,  Лазе Радески, продолжува со распит на сведоци.