Вести

Спортската сала во Велгошти во финална фаза (фото)

Конечно после многу години запуштената спортска сала во Велгошти ке биде пуштена во употреба.

Спортската сала во  Велгошти претрпи реконструкција, откако Агенцијата за Млади и Спорт преку Владата на Република Македонија обезбеди 20 милиони денари за комплетното реновирање.

Спортската сала во Велгошти започна да се гради во 2002 година во непосреда близина на Основното училиште Живко Чинго. Но, истата никогаш не беше целосно завршена со градба. Во изминатата деценија истата пропаѓаше поради својата недограденост, а беше и руинирана. Реконструкцијата на салата, Агенцијата за млади и спорт, ја започна на 21 септември 2012 година

Оваа сала ќе постане спортски храм да биде отворена за граѓаните и со домаќинско и одговорно работење ќе им служи на граѓаните многу долги години.

Погледнете како изгледаше салата пред реконструкцијата .

Фото: Н.Коталески