Вести

Средба на министерот Милошоски со нашите иселеници во Германија

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, вчера во конзулатот на Република Македонија во Минхен, Германија, се сретна со македонските иселеници кои живеат и работаат во јужната германска република- Баварија.

На средбата присуствувале бизнисмени, членови на управниот одбор на македонската црква Света Троица со седиште во Минхен, преставници од црковните општини, како и истакнати македонци од областа на културата и науката, меѓу кои имало и Велгоштани.

Тие на министерот му ги изложиле своите идеи и проекти за кои се заинтересирани македонските иселеници и бизнисмени од Р.Германија.

Нашите во Германија изразиле надеж дека во иднина контактите на матичната држава со иселениците ќе се интензивираат, и дека идеите кои се од заеднички интерес ќе се  реализираат.



извор: ohridnews.com