Вести

Света архиерејска литургија за празникот „Преподобна Матрона“ во манастирот „Света Петка“

sv-petka

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека денес, во манастирот „Света Петка“ во село Велгошти, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Преподобна Матрона“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Богослужба ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

12250151_10205489967072877_5830301597785463560_n

Leave a Reply