Педесет и петгодишнината од своето постоење и воспоставувањето на првиот комерцијален лет на линијата Белград-Скопје-Охрид, денес аеродромот “ Свети Апостол Павле” од Охрид го одбележа со голем аеро-митинг и промоција на монографија

На аеро-митингот, настапија голем број летала што ги поседуваат македонските аеро-клубови и поединци. Бројните посетители најпрво имаа можност да ги проследат летовите на модели на авиони, кои мошне умешно со радиокомандувани уреди ги водеа моделарите. Потоа следеа падобрански скокови од хеликоптер, при што посебен аплауз доби падобранецот што крај аеродромската писта се приземји заедно со развиореното македонско знаме.Мошне ефектен  беше летото на моторен параглајдер,кој пролетуваше речиси над главите на гледачите.

 На охридското небо се вивнаа и повеќе ултралесни летала, потоа авоините од типот “цесна”, “утва”, кои се посебно омилени кај воздухопловците поради својата сигурност и добрите летачки особини. Безмоторната едрилица “бланик”, која што ја возеше искусен воздухопловец, изведе повеќе бравурозни акробаци.