Вести

Тепаните шумски полицајци сами ќе тужат

Шумарите незадоволни од односот на полицијата која за бруталниот напад врз нив на одговорност повика само петмина дрвокрадци, приватно тужат десет лица за кои се сомневаат дека ги нападнале.

 

Иако поднесоа кривични пријави против десетмина шумарите тврдат дека во групата дрвокрадци што ги нападнала биле триесетина лица од кои речиси половината биле под дејство на алкохол. Велат дека нивниот живот бил во сериозна опасност и вистинско чудо било тоа што не паднале во бездната кај Црквата Свети Никола во Велгошти. Се жалат дека не било првпат да бидат мета на напад на дрвокрадци. Ниту имале оружје, ниту биле осигурани. Се сомневаат дека токму од ова село, каде половина од мештаните се полицијаци и високи функцинери некој ги штити дрвокрадците кои ја соголиле шумата над Велгошти а како аргумент наведуваат дека полицијата сеуште не ги запленила четирите возила без регистерски таблички со кои дрвокрадците оперираат по околните шуми.
Шумскиот појас над Велгошти е опустошен. Тој е под ингеренции на Националниот парк „Галичица“. Од таму досега ниту еднаш не алармирале дека во шумата царува нелегалната сече на дрва.

Извор: ohrid1.com