Екипа на ОУ “Свети Климент Охридски“ составена од 5 ученици и 2 ментори, од 17 до 22 мај учествуваше на 16 средби на училишта од Европа, под покровителство на УНЕСКО, во Котор, Црна Гора. Учениците од Охрид, беа единствените претставници од Македонија на овие средби, кои годинава се одржаа под мотото – Пристаниште на пријателството – Котор 2009.
За учениците беа организирани неколку работилници, а најголемата вредност од нив е во тоа што учениците работеа во мешани тимови со своите врсници од Европа.

ОУ “Свети Климент Охридски“ во изминатиов период се вклучи во три меѓународни проекти, а пред неполни три седмици беше домаќин на 30 просветни работници од Австрија, Италија, Украина, Србија, БиХ, Цран Гора и Македонија.

 

 

 
 
 
Извор :