Културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ се одржува традиционално во Велгошти, родното село на Чинго. На 13-ти Август вечерта на ледината под манастирот „Света Петка“ каде е подигнато и спомен обележје на   еден од најпознатите македонски писатели од втората половина на 20-тиот век.

Со цел да се даде придонес во литературното творештво и  да се поттикне творештвото на современите творци, во рамките на оваа културна манифестација Локалната самоуправа, четврта година по ред распиша Конкурс за најдобар расказ. Како што е познато, годинава наградата за најдобар расказ ќе ја понесе охридскиот пистаел Димитар Пандев. Врачувањето на наградата за најдобар расказ е дел од свеченоста што ќе се одржи во Велгошти, на местото каде е подигнато и спомен обележје на писателот.
Манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ се одржува токму на 13. Август во чест на сеќавање на денот на смртта на писателот.