Вести

Во Велгошти се одржа традиционалната манифестација „Вечер на Чинго“ (фото)

 

Синоќа во селото Велгошти во близина на манастирот „Света Петка “ по 26 пат се одржа традиционалната манифестација „Вечер на Чинго“.
Пред присутните во свое и од име на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески се обрати заменик градоначалникот Ангел Јанев, кој се осврна на делото на Живко Чинго.
veceri_zivkocingo_4005

“Познавачите на делото на Живко Чинго порачуваат дека:една од главните особености на чинговата проза е симболиката. Ако сакаме да ги осознаеме идеите на Чинго, во прозата која ја пишувал мора да навлеземе во неговиот свет, кој навидум бил имагинација, замислен, но го отсликувал политичкиот, социјалниот и општествениот живот на времето во кое живеел.

Големината на Чинго, Во сите негови дела, е, со дар на народен раскажувач, да ги меша времињата, сегашноста и минатото.veceri_zivkocingo_40010

Еве и денес, преку делата на овие автори, на овој свечен настан, сме сведоци, дека духот и идеите на Чинго живеат со и во нас“, истакна Јанев кој на Верче Карафилоска за расказот “Коси од розева волница“ и ја додели наградата во вредност од 30 илјади денари што по традиција а во знак на прерано починатиот македонски писател ја доделува Општина Охрид за најдобар кус расказ.

veceri_zivkocingo_4002

veceri_zivkocingo_4009