Традиционалната културна манифестација „Вечер на Чинго“ која се одржува во Велгошти, родното село на писателот, во знак на одбележување на делото и сеќавање на еден од најзнаменитите македонски уметници на пишуваниот збор, ја организира локалната самоуправа во соработка со МЗ на Велгошти за да се одбележи денот на смртта на Живко Чинго.

Со оваа манифестација е сврзан и конкурсот за најдобар расказ што го распишува ошптината со цел да се придонесе за афирмација на книжевното творештво и посебно на расказот како книжевна форма. Секоја година, токму на манифестацијата „Вечер на Чинго“ се врши и врачувањето на наградата на авторот на наградениот расказ на конкурсот.