Дваесет и првата Вечер на Чинго   се одржа во  манастирскиот комплекс „Света Петка“ во  Велгошти   родното село на големиот македонски писател Живкo Чинго.
На манифестацијата   му беше  врачена наградата на добитникот на Конкурсот за најдобар расказ што по повод годишнината од смртта на писателот го организира Општина Охрид.

Тричленото жири во состав Славе Ѓорѓо Димовски, Венко Андоновски и Кристина Николовска, реши наградата „Живко Чинго“ годинава да ја добие расказот „Будење“ на авторот потпишан на конкурсот под шифрата Осветлувач. Авторот ќе добие парична награда во износ од 30 илјади денари..

Живко Чинго, истакнат македонски прозаист и драмски писател почина во 1987 година. Неговите збирки раскази “Пасквелија”, “Нова Пасквелија”, романите “Сребрените снегови”, “Големата вода”, драмите “Кенгурски скок”, “Макавејски празници” и други, му обезбедија вредно место во современата македонска литература