Во организација на македонската влада беа избрани 1000 граѓани да патуваат во Белград на ракометарскиот натпревар Македонија Србија. Извлекувањето се избираше по пат на лотарија ,и меѓу среќните да биде избран беше и нашиот сограѓанин Никола Билбилоски . Тој се најде на местото број 55 на листата која беше објавена на страната ovaemakedonija.mk . Како што вели Билбилоски патувањето воглавно поминало добро и со мали пропусти.

-Кога тргнавме имаше многу гужва за џабе чекавме 1 саат (од 04.30) за возот да дојде во 05.30 скоро 06 часот. По пат атмосферата беше пријатна , 1000 Македонци заедно во еден глас пееа и со нетрпение го очекувавме натпреварот со Србија. Во Белград бевме убаво пречекани од  домакините,и натпреварот според мене беше како пријателски .

И атмосверата беше таква на трибините можеше да се видат едно до друго Македонско и Српско знаме Македонци и Срби заедно навиваа во прекрасна атмосфера…По големата победа над  Домакинот Србија дојде време за да си одиме дома. Ние тргнавме околу полноќ  ,но по половина час застанавме па чекавме до 03.00 часот наутро затоа што според информациите што ни беа кажани имало Далековод срушен на пругата па требало време да се отстрани..Морам да ги демантирам некои медиуми во Македонија кои незнам од кои причини објавиа дека додека чекавме во возот било ладно и немало парно во вагоните ,напротив во вагониот во кој бев јас беше топло и пријано!  Единствена мана беше што кога одевме за Белград патувавме 9 часа, а за вракање  патувавме 13-14 часа.

Вели нашиот сограѓанин Билбилоски кој исто така ни ги испрати сликите.