Вести

Велгоштанка заработи кривична пријава

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Несовесно работење во службата“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против 65- годишно лице од  село Велгошти.

image

Пријавената, во својство на службено лице-советник за првостепена управна постапка во Одделението за првостепена управна постапка-Охрид во Управата за имотно правни работи при Министерството за финансии, со пропуштање на должен надзор или на друг начин со очигледно несовесно постапување во вршењето на своите овластувања и должности, овозможила исчезнување на 52 поднесени барања за приватизација.

Станува збор за предмети кои, во периодот од 2005 до 2012 година, пријавената уредно ги имала примено со интерни доставни книги, а кои заклучно до 26-ти март минатата година до нејзиното заминување во пензија записнички не ги предала и со истите не се раздолжила.

На ваков начин на подносителите на овие 52 барања за приватизација им била предизвикана штета од нивно дополнително реконструирање и обновување на предметите со нова писмена документација, но и штета со пролонгирање на временскиот период за нивно решавање.

Leave a Reply