Вести

ВМРО-ДПМНЕ слави двојна победа

ВМРО- ДПМНЕ во Охрид победи на претседателските и парламентарните избори.

Според досега преброените гласови ВМРО води со 8000 гласови разлика во однос на СДСМ.

Со развиорени знамиња, песна и еуфорија симпатизерите и членовите на ВМРО ДПМНЕ ја славеа победата.

– Граѓаните на Охрид знаат да направат разлика. Направија разлика помеѓу лажните ветувања и делата, рече претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид Атанаско Михаилов.