Македонскиот народ знае дека во 20 години самостојност, најдобро живееше пред десеттина години, кога воден од тогашното ВМРО-ДПМНЕ, стапката на сиромаштија беше 21 процент, што сега е за 10 проценти повисока.200 илјади граѓани од тогашната средна сега се сиромашна класа, кога Македонија не беше задолжена, а сега за отплата на надворешниот долг од речиси 6 милијарди евра, во 2015-та ќе треба да плаќаме рати тешки 500 милиони евра.

Ова синоќа на трибините во Велгошти  го порача почесниот претседател на ВМРО НП Љубчо Ѓеорѓиевски, носител на кандидатската листа во петтата Охридско-Струшко-Битолска изборна единица.

За Ѓеорѓиевски нефер преседан е задолжувањето на земјата за исплата на плати на државната администрација, пензии на пензионерите и за градење споменици, поради што економијата мора да воскресне и државата да се крене на нозе.

„Сметам дека некако кобајаги се боревме против комунизмот долги години, а некои навики ни останале комунистички, па макар некој да се декларира и за десница.

– Мислам дека некои принципи на демократијата мора да бидат вратени назад во Македонија. Мора да се направи еден цел корпус, за што ние ќе зборуваме во изборната кампања, од казнените, прекршочни мерки, од односот кон медиумите, односот кон притворите, затворите, судењата, мораме да ја смениме филозофијата на демократијата“, порача Ѓеорѓиевски од трибината во охридското село Велгошти, што тој со неговите сопартијци го посети по Пештани и Елшани.

Каква влада и треба на Македонија во момент на апсолутна власт на ВМРО-ДПМНЕ?

„Кога има една партија на власт, едноставно не знаеме да живееме така. Така беше од 94-98-ма година во периодот на СДСМ, сега во овој период ВМРО ДПМНЕ има апсолутна власт во Република Македонија.

– И се покажа дека тогаш одиме во несакана насока. Јас сметам дека е идеално време кога новата влада треба да биде формирана од две Албански партии, две Македонски партии, за да имаме баланс на силите и да имаме внатрешна контрола“, рече синоќа Ѓеорѓиевски во Охрид.

ВМРО НП порача дека како дел од опозицијата на парламентарните избори ќе се бори да биде казнета и срушена актуелната власт.

Извор А1

https://www.youtube.com/watch?v=ONgHYvQTwM8