Вести

Во Лескоец нападнати работници од ЈП Комуналец

При обавувањето на своите тековни активности по пропишаната динамика за подигање на отпад на подрачјето на с.Лескоец во понеделник   20.09.2010 год.   Четворица вработени во јавното претпријатие Комуналец беа нападнати од четири лица.

 

Имено, по вербалната расправија која претходела на немилиот настан,  специјално возило за подигање отпад било попречено со комбе од кое излегле четири лица кои ги нападнале физички, притоа користејќи и метални шипки, а оштетено и   специјално возило за подигање на отпад. Еден од  вработените на Кумуналец се  стекна тешки телесни повреди. Побарана е интервенција од полицијата, при што е установено дека двајца напаѓачи биле во алкохолизирана состојба.

 

nema_slike

Во последниов месец ова е втор случај   вработени во Комуналец  да бидат нападнати обавувајќи ја својата службена должност.