Во организација на aнсамблот „Филиграни“ во недела со почеток од 12 часот во близина на црквата Св. Петка во село Велгошти ќе се оддржи голем велигденски концерт.

Во двочасовната програма ќе настапат сите групи на организацискиот ансамбл ,„Филиграни“, со песна ќе се претстави и членот на ансамблот Билјана Буџакоска, потоа КУД „Фолклористи“, ФА „Отекс-фолк” и КУД „Илинден“.