Во недела 27 март, Велосипедскиот Клуб “Екодром” од  Охрид во соработка со Велосипедската Федерација на Република Македонија и Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид организира велосипедски натпревар по патеката ЛИХНИД во стариот дел на градот.

 

Кружната трка ќе се одвива од 12:00 до 14:00 часот околу Самоиловата тврдина и над црквата Св.Јован Канео, Плаошник , улиците Илинденска , Христо Узунов , Климентов Универзитет, Кузман Капидан, Горна порта и уличките околу Антички Театар .
Патеката ,, ЛИХНИД,, ќе се промовира прв пат и претставува урбано но сепак планинско возење.  Стартот и целта ќе бидат кај Античкиот тетар.