Вести

ВО САБОТА ЌЕ СЕ ОДРЖИ ГОДИНАШНАТА „ ЃОМЛЕЗИЈАДА“

gomlezeТретата,традиционална манифестација  „ Ѓомлезијада“ ќе се одржи во сабота на 18- ти јуни со почеток во 9 часот, во дворот на црквата  „ Св. Спас“ во Горно Лакочереј. Во текот на натпреварот за подготовка на највкусно ѓомлезе , учесниците и гостите ќе имаат можност да го проследат  настапот на музичка и фолклорна група. Манифестацијата  завршува во 13 часот со прогласување на најдобрите во подготовката на специјалитетот- ѓомлезе.

Општина Охрид , преку Секторот за туризам и локален економски развој, организира вакви и слични манифестации за да ги афирмира туристичките потенцијали особено на руралните средини. Тоа е дел од брендирањето на Охрид како туристичка дестинација, дефинирањето на туристички производи, понудата и нивната промоција.