Вести

Во Велгошти отворена детска градинка (фото)

gradinkavelgosti3Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и Градоначалникот Никола Бакрачески , денес свечено ја отворија детската градинка во други просторни услови во Основното Училиште „Живко Чинго“ во   Велгошти.

Просторот со површина од 200 метри квадратни што е во рамки на детската градинка “Јасна Ристеска“ располага со две занимални, дистрибутивна кујна и два тоалети. Иницијативата за отворање на ваков објект е на жителите на Велгошти, рече градоначалникот Никола Бакрачески, кој потенцира дека ова е само уште еден доказ дека локалната самоуправа посветено ќе работи на сите оние ветувања кои што во минатиов период ги даде на жителите на ова село.

 

 

 

“Ќе продолжиме и понатака со реконструкција и адаптација на градинките во Охрид не само на овие две. Најавувам дека во во текот на оваа и наредната година ќе работиме на подобрување на условите во градинките и во школите во Охрид ,што подразбира реконструкција и адаптација на просторните услови и на реквизитите за сместување на децата од пред школска возраст“, рече Бакрачески.

Министерот за труд и социјала, Диме Спасов нагласи дека со оваа градинка дополнително се зголемува капацитетот за сместување, згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст во општина Охрид.

Охрид е вистински пример на општина која работи на подобрување и унапредување на постоечките капацитети. Оваа градинка треба да придонесе во демографскиот раст и развој на наталитетот во општината“, рече Спасов.

Директорката на градинката Розе Костеска рече дека станува збор за хетерогена група, која ќе работи со деца на возраст од две до шест години. На почеток запишаните 35 дечиња ќе бидат сместени во една занимална, но доколку се зголеми бројот ќе функционира и втората занимална. “Со ова им се овозможува на децата организирано образование, воспитување и згрижување, кога ќе почнат со училиште ќе имаат поголемистејнати вештини и навики за учење“, рече Костеска.

Пред две недели градоначалникот Бакрачески и министерот Спасов ја ставија во употреба градинката во посебни просторни услови во село Лескоец.

Извор:  ohridnet.com