Вести

Во Велгошти запленети 2.100 петарди!

Секторот за внатрешни работи Охрид, вчера, во Велгошти, пронајде и одзеде вкупно 2100 парчиња пиротехнички средства-петарди марка „Пират„ Јавува OhridNews. Петардите се пронајдени при претрес во домот на 59- годишен жител на селото Велгошти, кој петардите неовластено ги набавил од Скопје, а биле наменети за прослава на Новата година, како и за понатамошна продажба.

По добиени оперативни сознанија и по добиена наредба од истражен судија, извршен е претресот, при што во домот на пријавениот, пронајдени се 21 пакети од по 100 парчиња петарди марка „Пират„. 

Изминатиот викенд, кај малолетно лице од Охрид, пронајдени биле 79 парчиња петарди наменети за лична употреба. 

Од СВР Охрид информираат дека се вршат интензивни контроли на физички и правни лица со цел пронаоѓање пиротехнички производи, кои во Република Македонија неовластено се продаваат во продавници, јавни места, пазари и на други јавни места и се забранети за употреба. Во споредба со минатата година кога во Охрид и Струга, беа пронајдени близу 70.000 парчиња најразлични пиротехнички производи, оваа година се бележи, значително намалување на бројот на лица кои нелегално тргуваат со вакви производи. 

Паралелно со овие мерки, СВР Охрид, презема и превентивни и едукативни мерки со цел запознавање на граѓаните особено децата, за негативните последици од користењето пиротехнички производи.