Вести

ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕТРЕСКИ ВО ОУ „ЖИВКО ЧИНГО“ ВО ВЕЛГОШТИ

Градоначалникот Александар Петрески  утре, на учениците од ОУ „ Живко Чинго “  во Велгошти, ќе им посака успешен почеток на школската година.
Воедно, на првачињата кои првпат ќе седнат во училишните клупи, со пригодно обраќање ќе им го честита  првиот училишен час.

 

Со пригодна свеченост и добро осмислена и организирана програма,повозрасните другарчиња ќе ја искористат можноста да им покажат колку убави нешта научиле благодарение на училиштето и грижата на наставниците.

Учениците од основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти, благодарение на Локалната самоуправа,оваа школска година ќе ја започнат во објект со целосно нова надворешна дограма и со комплетно уреден школски двор.

nema_slike

Сродно