Вести

За што служат тротоарите?!!

На последните локални избори на главната улица која води до Велгошти Улицата “Живко Чинго”беа изградени нови тротоари,потег кој беше поздравен и одобрен од сите жители на Велгошти.
Но Новоизградените Тротоари беа во употреба многу кратко затоа што се обраснати со треви,на нив не наоѓа шунд ,делови од асвалт,камења и што ли уште не..

И Трагедијата да биде уште поголема нема кој да ги исчисти и да ги стави во функција за да поминуваат пешаци а не да се паркираат возила!!!
Иако плакаме дополнителни срества за Јавна чистота (метење на улици)на Јавното комунално претпријатие од Охрид нема кој да ги исчисти и да ги стави во функција тротоарите вели револтиран жител на Велгошти
и додава:
Нашите деца се школоваат во Охрид нашите жители работаат во Охрид и замислете си секој ден да не можете да се движите по тротоари и мора да одите по коловоз каде се движат голем бројна возила…
Не дај боже да се случи нешто додава нашиот соговорник.
Затоа јавно ги повикуваме надлежните органи да си ги завршат своите работи а не да не посетуваат само за избори!!!

www.velgosti.com