Владата на Република Македонија преку Агенцијата за млади и спорт обезбеди 20 милиони денари наменети за реконструкција на спортската сала во охридското село Велгошти. Објектот ќе биде целосно опремен со високо квалитетна спортска опрема и реквизити и тоа за повеќе спортови фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, тенис, гимнастика, која ќе биде од голема корист на локалното население, децата пред се, а се разбира и клубовите и спортските рекреативци.

 

Оваа спортска сала ќе им помогне на многу млади таленти, студенти и идни спортски работници тука да го завијат својот талент и своите можности и во иднина да се вклучат во професионалниот спорт во Република Македонија

Директорот Лазар Поповски во јулската посета на спортската сала потврди дека Агенцијата за млади и спорт што и да започне мора да го заврши. -Ние како Агенција за Млади и Спорт имаме едно правило кое што вели дека се што сме започнале мора да завршиме, досега за овој обејкт бев запознаен преку разно разни судски одлуки и решенија, барање за легализација, барање за одобрение за градба, цртежи слики , меѓутоа бев и редовно информиран од страна на пратникот Николовски за сите случувања но и за важноста на овој објект за Велгоштани. АМС во изминатата година преку буџетот на Влада на РМ изгради фудбалски терени, спортски сали чиј број наближуваа накај 45 , како и 145 сали од Министерството за образование што се градат на територијата на Македонија, Сите овие податоци доволно говорат дека и во услови на европска и светска криза, вложувањата во спортската инфрастаструктура не застануваат. Знаеме дека секој денар вложен во спортот е заштеда од седум денари во фондот за здравство на Македонија, посочи директорот Лазар Поповски.

Извор:kurir.mk