balkanВечерва во Охрид,на сцената на “Долни Сарај” со настапот на Танец ќе биде отворен Балканскиот фестивал на народни песни и игри,кој ќе трае до 11 јули.На оваа фолклорна манифестација ќе земат учество околу 6оо играорци.Ќе настапат фолклорни групи од Македонија,Србија,Албанија,Бугарија,Грција,Хрватска,како и фолклорен ансамбал од Костарика и КУД од Австралија.Фестивалот се очекува да го отвори претседателот на Собранието на Република Македонија,Трајко Велјановски. Пред свеченото отворање на Балканскиот фестивал на народни песни и игри,фолклорните ансамбли ќе продефилираат низ улиците на Охрид,традиција која се одржува 47 години.Во рамките на Фестивалот, во изложбениот салон на Центарот за култура ќе биде отворена изложба на резби на Здружението на копаничари “Копаничар” од Битола,а ќе биде прикажан и краток филм, посветен на младотурската револуција,кој организаторот го прикажува во соработка со Фондацијата “Рамковски”.Балканскиот фестивал на народни песни и игри го финансира Министерството за култура.