Во октомври учениците од ОУ „Живко Чинго” – Велгошти ќе заминат на тридневна ескурзија низ Македонија. Оваа година Црковниот одбор од село Велгошти ќе покрие половина од сумата на деветтоодделенците.

direktorr ZivkoCingoPripremi03-700x393 (2)
Директорот на училиштето, Ѓоко Чингоски


„Од кога стапив на функцијата ВД директор и директор на ОУ „Живко Чинго” имаме континуирана соработка со Црковниот одбор. Имено две години со ред Црковниот одбор им доделува бесплатни Новогодишни пакетчиња на првооделенците и на дечињата од градинката при ОУ „Живко Чинго”.

Минатата ескурзија низ Македонија Црковниот одбор им ја покри на тројца ученици комплетно ескурзијата.

Годинава на двајца полуматуранти им ги плати полуматурските вечери и сликањето за алманах.

Само со подршката на сите чинители од Велгошти ќе успееме да ги однесеме на прав пат нашите ученици. Нив ги чекаат разни искушенија и предизвици, дајте да им помогнеме да ги осознаат вистинските вредности во животот. Со вложување во нашите деца ние вложуваме во нашата иднина.“– вели директорот на училиштето, Ѓоко Чингоски.

Извор: WebOhrid

By

Leave a Reply